Covid 19 Актуелно Вести

Известување на македонската амбасада во Германија за условите за влез од Македонија во Германија

Напишано од Aleksandar Ivanov

Како што веќе пишувавме од 19 декември Македонија веќе не е на листата на високо ризични земји ЛИНК

Во меѓувреме добивме и известувањето на оваа тема од македонската амбасада во Германија.

Известувањето ви го пренесуваме во целост со напомена дека името на државата Република Македонија е корегирано согласно уредничката политика на овој портал и Facebook групата “Македонци во Германија“.

Почитувани

Во прилог дополнување на известувањето со појаснување на условите за влез на македонски државјани во Германија врз основа на појаснувањата од Германската амбасада во Скопје и Сојузната полиција, со цел да ги споделите со здруженијата, членовите и на вашата веб и ФБ страница со цел да се избегнат непријатни ситуации на кои укажуваат од аеродромите.

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Македонија не се смета повеќе за ризична област во Германија почнувајќи од 19 декември 2021г.

Роберт Кох Институтот ја ажурираше својата листа на ризични области со ограничувања за влез во Германија и ја стави Република Македонија на т.н безбедна листа, односно Република Македонија не се смета повеќе за ризична област, со што се дозволува неограничен влез за државјаните на Република Македонија во Германија, од 19 декември 2021 година, 00:00 часот наутро.

Со тоа повеќе не е потребно пополнување на електронска регистрација за влез во Германија и секој македонски државјанин има дозвола да влезе во Германија без важна причина за патување и без оглед на нивниот статус на вакцинација доколку ги исполнува важечките услови за влез.

Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија небитно со каков вид на транспорт, и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација пред поаѓањето на авиокомпанијата и при пристигнување.

‼⁉️⚠️Напомена: Согласно дополнително појаснување на Германската амбасада во Скопје на нивната веб страница, на децата под 12 -годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, иако самите децата не се вакцинирани. Сите останати лица без оваа заштита од вакцинација со признати вакцини можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид обврските за обезбедување докази и карантин. Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција. Амбасадата во овој случај не може да даде индивидуални изјави. https://skopje.diplo.de/mk-mk/service/visa-einreise/-/2443252?fbclid=IwAR2Cj_m6XIf8za9pPczmJGbln3WiFHMxL1LUGrOhR4zgfUCVBfes6pnUEJQ

‼⁉️⚠️📣📣Согласно дополнителното појаснување од Сојузната полиција познатите ограничувања на прописите за влез сè уште остануваат валидни. Патниците само НЕ треба да ја пополнуваат електронската регистрација од Сојузната полиција за влез (www.einreiseanmeldung.de) пред поаѓање во Германија.

Од Сојузната полиција во врска со вакцинациските сертификати посочуваат дека Дигиталните сертификати за Covid-19 на ЕУ од Македонија по добивањето на третата доза со Pfizer BioNTech, Astra Zeneca, Modernа, НЕ покажуваат дека претходните две дози се направени со Sinofarm/Sinovac/Спутник, и дека е неопходно е да се контролираат првите две дози и патниците да докажат дека се направени со Pfizer, Moderna, AstraZeneca . Во спротивно, оваа трета вакцинација со Pfizer или друга соодветна вакцина треба да се смета за ПРВА доза и како нецелосна вакцинација. Тогаш патникот треба да биде одбиен од пријавување, доколку не може да се докаже друга императивна причина за патување заедно со негативен тести од страна на патникот.

За вакцинирани лица: Доказ за целосна вакцинација Covid-19- на германски, англиски, француски, италијански или шпански јазик во дигитална или хартиена форма (на пр. Жолт сертификат за WHOV вакцинација). Вакцинацијата мора да е извршена со една од вакцините наведени на веб-страницата на Институтот Пол Ерлих (Comirnaty BioN¬Tech/Pfizer, Janssen, Moderna, Vaxzevria/AstraZeneca). Последната примена неопходна доза на вакцинација мора да биде пред најмалку 14 дена.

За оние кои се опоравиле од Ковид 19. Позитивен резултат на тест за PCR направен пред најмалку 28 дена, но не повеќе од 6 месеци.

За оние кои се тестирале: Негативен резултат од тест со техника за засилување на нуклеинска киселина (на пр., PCR, PoC-PCR) на германски, англиски, француски, италијански или шпански, не постар од 72 часа пред влегувањето (време на земање брис). Алтернативно, негативен резултат на брз антигенски тест на германски, англиски, француски, италијански или шпански јазик, не постар од 48 часа пред влегувањето.

https://www.rki.de/DE/Content/InfAZ/N/Neuartiges_Coronavirus/Transport/Archiv_Risikogebiete/Risikogebiete_aktuell_en.pdf?__blob=publicationFile

Со почит

Амбасада на Република Македонија -Берлин

Botschaft der Republik Mazedonien – Berlin

Embassy of the Republic of Macedonia – Berlin

Hubertusallee 5, 14193 Berlin

Tel.: +49 30/ 89 06 95 22

E-mail: berlin@mfa.gov.mk

https://berlin.mfa.gov.mk/mk

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК

https://www.facebook.com/MKDinDE/
Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот