Актуелно Германија

Што се променува во Германија од 2022 година?

Напишано од Aleksandar Buzleski

Од 2022 година на сила стапуваат неколку новини за луѓето кои живеат во Германија. Повеќето од тие новини имаат директен финансиски импакт врз германското секојдневие. Еве кои се поважните од тие новини:

  • до март 2022 вработените може да добијат Корона бонус во висина од максимално 1500 евра. Најдобрата вест за овој вид на екстра приход е што целиот износ е ослободен од данок (Steuerfrei),
  • веќе од 01.01.2022 минималната плата се зголемува на €9,82/час. А од 01.07.2022 ќе порасне на €10,45/час. Семафор-коалицијата има намера во догледно време минималната плата да ја искачи на €12/час,
  • договорите за интернет ќе може многу полесно да се откажат без притоа да се плаќаат непотребни трошоци или пенали,
  • правото на заштита од продукти кои имаат недостатоци ќе се зголеми од 6 на 12 месеци,
  • стандардните таксени марки поскапуваат од 80 на 85 центи,
  • обврската за кауција при купување на овошни и зеленчукови сокови воглавно ќе отпадне (освен за некои исклучителни случаи),
  • данокот за загадување од фосилни горива (CO2 Steuer) поскапува од досегашните 25 на 30 центи за 1 тон јаглерод диоксид.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Фото: The Economist

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот