Актуелно Вести

Важни измени за влез во ЕУ‼️‼️‼️

Напишано од Aleksandar Buzleski

Во врска со новите правила за влез во Шенген зоната за лица од т.н трети земји, Министерство за внатрешни работи на Република Македонија излезе со официјално писмено известување, кое го пренесуваме во целост:

“Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10.04.2026 започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ.

Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

Воедно Ве известуваме дека од страна на Граничната полиција на нашата држава се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.

Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот.”

За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.