Авион на авиокомпанијата Wizz Air на редовната линија Скопје – Париз (Буве) утрово принудно слета на аеродромот Шарлоа во Брисел поради медицински итен случај кај патник.
Според сведоштва на патници, лицето се пожалило на срцеви проблеми додека авионот се наоѓал на околу половина час пред предвиденото слетување во Париз.
Пилотите веднаш побарале дозвола за итно пренасочување и слетале на најблискиот соодветен аеродром за да му биде укажана лекарска помош.
Ваквата постапка претставува стандардна безбедносна процедура кога екипажот проценува дека станува збор за потенцијално животозагрозувачка состојба со која кабинскиот персонал, иако обучен за прва помош, не може целосно да се справи во лет.
По краткото задржување, авионот Airbus A321neo повторно полетал и слетал во Париз Буве со околу 40 минути доцнење. Подоцна, со истата екипа, авионот се вратил во Скопје.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.
