Во среда на 8 декември СР Германија и официјално ја доби новата влада.
Olaf Scholz од Социјалдемократската Партија на Германија (SPD) е деветиот премиер на Германија. Тој ќе ја замени Angela Merkel по 16 години или точно 5.860 дена владеење.
За прв пат во историјата Германија добива влада на така наречена “семафор” коалиција. Односно коалиција помеѓу Социјалдемократската Партија на Германија (SPD), партијата на зелените (Die Grünen) и партијата на слободни демократни односно либерална партија (FDP). Новата влада ја сочинуваат 15 министри и еден шеф на кабинетот на премиерот. Шест министерски места и шефот на кабинетот на премиерот доаѓаат од редовите на SPD. Партијата на зелените има пет министерки места, додека четири министерски места се резервирани за либералната партија. Во продолжение видете кои се новите министри :
Биографиите на министрите може да ги видите ОВДЕ.
На парламентарните изборите кои се оддржаа на 26 септември беше избран и новиот сојузен парламент на Германија (Bundestag).
Дваесетиот германски парламент има 736 парламентарци. Со 206 освоени пратенички места Социјалдемократската Партија на Германија (SPD) има најмногу места во парламентот. По SPD со 197 пратенички мандати следува демохристијанската партија (CDU/CSU). Останатите места се поделени помеѓу партијата на зелените 118 пратеника, либералната партија 92 пратеника, алтернативната партија има 82 пратеника, левица 39 и два пратеника се независни.
Пратениците кои го сочинуваат актуелниот германски парламент може да ги видите ОВДЕ
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК