Актуелно Визи Информации

Нов начин на доделување на термин за германска виза

Напишано од Aleksandar Buzleski

Во врска со издавањето на термини за визи во германскатаамбасада во Македонија во иднина, амбасадорката денес лично објави на нивната фан страна најнова информација. Информацијата ја пренесуваме во целост:

“Почитувани дами и господа,
драги пријатели на Германија,

Во септември 2021 година на ова место Ви ветив дека имаме намера да го подобриме нашиот систем на доделување термини за таканаречените визи за Западен Балкан. Драго ми е што денес може да Ве информирам за првиот успех:
Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 г. секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели). Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година.
Како и секогаш, поопширни информации може да најдете на нашата веб-страна (ЛИНК ТУКА)

Со почит
Анке Холштајн
Амбасадорка”

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот