Од утре среда 24 ноември стапува на сила 3G правилото (вакциниран, прележен, тестиран) на работното место. Тоа значи дека пристапот на работното место ќе биде дозволен само за тие кои ќе приложат една од трите потврди. При што валидноста на потврдата за тие кои ја прележале болеста е 6 месеци.
Контролата на потврдите ја регулираат работодавачите индивидуално.
Невакцинираните ќе треба секојдневно да приложат потврда дека се тестирани. Тестот може да биде антиген (брз тест) или PCR тест. Брзите (антиген) тестови имаат валидност од 24 часа додека PCR тестот е 48 часа валиден.
Брзите тестови можат да бидат направени во некој од центрите кои нудат бесплатно тестирање или директно на работното место.
За бесплатните тестови веќе пишувавме и може да прочитате ОВДЕ
Тестирањето на работното место треба да биде направено по “4-очи” принципот односно треба да биде контролирано од некој кој ќе биде затоа задолжен од страна на работодавачот.
Работодавачот е должен бесплатно да ви овозможи 2 пати неделно да се тестирате.
Дополнително е многу ВАЖНО да се напомене дека во случај да нема некоја издржана причина да бидете присутни на работното место работодавачот е должен да ви дозволи / овозможи работа од дома (home office).
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК