Актуелно Вести Свет

Голема автобуска несреќа на македонски автобус во Бугарија

Напишано од Aleksandar Buzleski

Утрово на автопатот Струма, во правец од Софија кон Благоевград, се случи страшна сообраќајна несреќа. Според неофицијалните информации станува збор за автобус со македонски регистарски ознаки, во сопственост на компанијата Беса Транс. Автобусот неофицијално превезувал патници кои се враќале од Турција, и преку Бугарија требало да стигнат до Македонија. Од она што засега се знае, после излетувањето од коловозот, дошло до силна експлозија. Поради тоа дошло до комплетно палење на возилото. Првичните информации се дека животот го загубиле околу 46 лица, меѓу кои и доста деца. Меѓу децата најверојатно имало и две близначиња.

Ова дефинитивно е најголемата сообраќајна несреќа во поновата историја на Македонија. Македонците од Германија испраќаат искрени пораки на жалење и сочувство до семејствата на жртвите. Ова е црн ден за Македонија…

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот