После долги подготовки, деновиве конечно на јавноста и’ беше претставен Зборникот „Македонија 100 години од Версај“.
Зборникот е работен по идеја на Алдо Климан. Особено важно за нас е тоа што има посебен дел кој се однесува на Македонците ширум светот, и нивната спрега со татковината, Република Македонија.
Во тој контекст, македонската активистка Ана Дукоска од САД, даде свој удел во “мозаикот” што всушност е трајна вредност за сите Македонци во светот.
Меѓудругото, свој придонес во Зборникот дадоа и Вера Лалчевска, Никола Жежов, Теон Џинго, Тодор Чепреганов, Иванка Василевска , Драгица Поповска, Ведран Обучина, Љубомир Цуцуловски, Елка Јачева-Улчар, Невена Трајков и Стефан Влахов Мицов.
“Во мојот труд пишувам за историјата на Македонија, македонските иселеници, нивните акции и придонеси за Македонија од земјите во кои што се преселиле, но и за ширењето на македонската црква. Македонците наидувале на бројни пречки од страна на грчката и од бугарската емиграција во обидите да ги изградат црквите од темел, да ги регистрираат во црковни општини и да се изборат за нивно признавање.
Но, еве сме уште на тоа дереџе! Иселениците сè уште се соочуваат со нефункционалноста на македонската дипломатија, незаинтересираноста на македонските власти за соработка со иселеништвото, стигматизација на иселеништвото, кратење на загарантираното уставно право за учество во изборните процеси во Македонија. А најголем проблем е негирањето на националното малцинство во соседните држави, Грција и Бугарија.
Да знаете мои Македонци, дека баш поради овие причини и намери за наше уништување и замолкнување, ние, македонските иселеници, со уште поголем интензитет работиме кон помасовно обединување за да ја вреднуваме и за да ја одбраниме нашата татковина Македонија!
Да живее Македонија!”-напиша Ана Дукоска на својот ФБ профил.
Зборникот е достапен во електронска (пдф) верзија, и може бесплатно да се симне ОВДЕ
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.