Актуелно Општи информации ТВ и интернет

Како да бидете анонимни на интернет?

Напишано од Boban Petrovski

Секогаш кога ќе превземете-погледнете нешто„бесплатно“ од интернет (музика, филм , игри итн…) оставате свој белег, а тоа е IP адресата преку која лесно можете да бидете лоцирани и доведени во непријатна ситуација, па дури и да добиете парична казна.

Што е IP адреса?

IP адреса е скратено од Internet Protocol Address. IP адресата се користи за идентификација на компјутерски уред и комуникација со други уреди во интернет протокол мрежата.Секој уред има уникатна IP адреса,самата IP адреса ви ја доделеува вашиот интернет оператор,и точно знае на кого, во кое време, и која IP адреса ја има доделено.

Зошто да ја скриете вашата IP адреса?

Со помош на бесплатни алатки, многу е лесно да се одреди провајдерот и локацијата на секоја IP адресата, па така и на вашата,исто така, вашиот интернет провајдер знае кои страници ги имате посетено, вашата историја на пребарување на интернет(пребарувани песни,видеа,филмови итн… )односно се што правите онлајн.

Како да ја сокриете вашата IP адреса?
Постојат неколку начини ние ке спомнеме само три:

1) Proxy – наједноставниот, но и најлошиот начин да се сокрие IP адресата.

2) Tor Web Browser веб-прелистувач кој е дизајниран специјално за анонимно пребарување на интернет.

3) VPN или (Virtual-Private-Network) е еден од најкористените.

Ако сакате да проверите дали сте анонимни и која е вашата IP адреса кликнете Овде

Следниот пат ке објасниме нешто повеќе за VPN како работи,како се инсталира и за што најчесто се употребува.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Photo techiexpert.com

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Boban Petrovski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот