Затоа што беше толку убаво да уживаме во 5-те гола кои во четвртокот Македонија ги постигна против Ерменија.
Утре (недела 14 ноември) во 18 часот ќе се решава во нашата група кој ќе го освои второто место со оглед на тоа што првото место на Германија не е загрозено.
За обезбедување на второто место кое води во Playoff натпревари зс пласман на светското првенство на Македонија и е потребна победа против Исланд на домашен терен во Скопје. Со оглед на тоа што и во Исланд ги надигравме исланѓаните но поради невнимателност го испуштивме водството од 2:0 и изигравме 2:2, Македонија е фаворит во овој натпревар. Но секако натпреварот од Рејкјавик треба да ни биде опомена дека фаворитската улога сама по себе незначи и победа.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК