Владата на СР Германија објави дека од оваа сабота 13 Ноември 2021 (ЛИНК) повторно ќе бидат воведени бесплатните антиген (брзи) тестови за Корона. За таа цел сојузниот министер за здравство Шпан потпиша соодветна уредба. Со што секој граѓанин има право на најмалку еден брз антиген тест неделно. Ова значи дека во зависност од тест центарот постои можност и повеќе пати во неделата да се тестира бесплатно.
Оваа одредба ќе важи за сите без разлика на тоа дали сте или не сте вакцинирани и дали ја имате прележале болеста. Ова значи дека постојаните тест центри ќе продолжат да работат а можно е и проширување на понудата на центри за тестирање.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК