Во претпоследното коло од квалификациите за светско првенство во фудбал Македонија на гости ја совлада репрезентацијата на Ерменија со 5:0. По еден гол постигнаа Александар Трајковски и Милан Ристовски, додека Енис Барди трипати прецизно стрелаше во противничката мржа. Со оваа победа Македонија во моментов е втора во групата со 15 бода и има 2 бода предност пред третопласираната Романија која има и утакмица помалку. Романците вечерва на домашен терен ја пречекуваат репрезентацијата на Исланд. На нас ни останува да се надеваме на најмалку нерешен резултат. Со што ќе ни се отворат шансите во последното коло против Исланд да го освоиме толку посакуваното второ место, кое ќе ни овозможи бараж натпревари за историски пласман на светско првенство во Катар следната година.