На денешен ден (9 Ноември) пред 31 година беше срушен берлинскиот ѕид, ѕид кој повеќе од 28 години ја оцртуваше границата меѓу источна (DDR) и западна (BDR) Германија. Ѕидот бил подигнат на 13 август 1961 и срушен на 9 Ноември 1989 година. За нас како Македонците интерсна е една фотографија од моментите на рушење на ѕидот со натпис “Дани те сакам”…. За жал и до ден денес не знаме кој е авторот на графитот, која е Дани и кога настанал графитот. Единствено што ни останува е оваа фотографија да не потсетува на настанот кој е симболика не само за обединувањето на источна и западна Германија туку и обединувањето на западна и источна Европа.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.