Друштва и клубови Македонци во Германија

Македонскиот клуб Вардар од Sindelfingen

Напишано од Aleksandar Buzleski

Македонскиот клуб Вардар од Sindelfingen, минатата недела, на 30.10.2021 имаше избор на нова управа.

Новоизбраниот претседател на овој македонски клуб во Германија, господинот Горан Филов, веднаш ја покажа својата желба за дружба, обединување и окрупнување на македонската заедница во Германија, како и конкретна помош. Помош нудат на сите Македонци кои се наоѓаат во реонот на Sindelfingen, Stuttgart и околината. Посебно за новите кои доаѓаат, а имаат потреба од помош во врска со административни прашања во општина, прашања поврзани со здравствено или друго осигурување, возачки дозволи, преводи за Finanzamt, Landratsamt или слични теми. И сето тоа бесплатно…

Желбата и целта на новото раководство на клубот е едноставно преку добра дружба да растеме и да се развиваме како дијаспора која ќе служи за пример во Германија.

Сите кои сакаат да го посетат или контактираат клубот можат тоа да го направат:

1) на нивната е-маил адреса:
filovgoran@yahoo.com

2) на телефонот:
0157/52476373

3) на нивната фан страна на Facebook (линк ТУКА)

4) или едноставно директно во клубот

Клубот генерално работи секој викенд (петок/сабота/недела) навечер од 19 до 24 часот.

Адресата е:

Makedonski Klub “Vardar” Sindelfingen

Hanns-Martin-Schleyer-Straße 15, 71063 Sindelfingen

На клубот му благодариме за подадената рака, и од името на нашата редакција им посакуваме плодна и успешна работа и успешни проекти.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот