Актуелно Германија Патен Сообраќај

Kако изгледа рушење на 310-метарски мост во Wiesbaden

Напишано од Boban Petrovski

Во 1963 година Salzbachtalbrücke е свечено пуштен во употреба.Овој мост привчно бил проектиран за 20000 возила дневно.

Во 2017 година поради дотраеност мостот требало да биде целосно реновиран.

  • Прва фаза, рушење и повторно градење на јужниот дел на мостот, која треба да биде готова до средината на 2020.
  • Втора фаза, рушење и повторно градење на северниот дел на мостот, која треба да биде готова до крајот на 2022.

На 14-ти Август 2018 година се урива мостот во Џенова, ова е доволен знак за активирање на алармот,па така 16 Август министерот за собраќај бара детален увид на плановите од реконструкцијата и самиот надзор на мостот.

Во 2019 година се откриени сериозни грешки во реконструкцијата, собраќајот се ограничува во една лента по правец,воедно се забранува движење на тешки товарни возила во правец на Франкфурт

Во Јуни 2021 година забележано е паѓање на бетонски делови од мостот,било утврдено дека јужниот дел на мостот бил потонат за 30 сантиметри.Мостот веднаш се затвора за сообраќај,воедно се затвораат и улиците и железничкиот собраќај под самиот мост.Одлучено е целосно уривање и повторна изградба на мостот.

Ноември оваа година поточно на 06.11.2021 мостот беше срушен со минирање,каде биле искористени повеќе од 220 килограми динамит.Како тоа изледаше погледнете во видеото.

 

За повеќе информации и дискусии придружете ни се во групата Македонци во Германија.

FOTO: BORIS ROESSLER/DPA

Сподели на

За авторот

Boban Petrovski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот