Нашата Facebook група денес ја достигна бројката од 45 илјади членови. Бројката е особено важна ако се знае дека приоритет за модераторскиот тим на групата не е во прв план квантитетот, туку пред сè квалитетот на групата. Тоа значи дека секој профил кој сака да пристапи во групата се проверува дали е реален. Фиктивни и лажни профили нема што да бараат во една ваква сериозна група.
Во оваа прилика модераторскиот тим на групата се заблагодарува на сите сегашни и идни членови, и ветуваме дека ќе се трудиме да растеме континуирано, но не по секоја цена. Првенствено ќе се грижиме за транспарентност, фер однос кон сите и кодекс на однесување кој важи за сите подеднакво.
На тој начин ќе се трудиме сите заедно кон нашата основна цел: обединување и подобро етаблирање на македонската заедница во Германија.
За повеќе информации и дискусии придружете ни се во групата Македонци во Германија.