Ексклузивно за нашиот портал ви го презентираме интервјуто со Радојка (Раја) Десподовска. Девојка која со нејзиниот настап на „The Voice of Germany” израдува многу Македонци во Германија и пошироко.
МиД: Најпрвин честитки за твојот успешен прв настап на “The Voice of Germany”.
Раја: Ви благодарам многу! Среќна сум што поминав еден круг понатаму и што ќе имам можност уште еднаш да застанам на „големата„ бина.
МиД: Во Германија има многу кастинг шоуа со сличен формат. Зошто се одлучи токму за “The Voice of Germany” и дали одлуката да се пријавиш беше твоја идеа или некој од твоите најблиски те мотивираше?
Раја: Според мене „The Voice of Germany“ е единствено шоу во Германија со толку високо ниво на професионализам. Целиот концепт е фер. Целото внимание е насочено кон гласовните способности бе разлика од каде си, што работиш или како изгледаш. Секој има исти шанси. Токму од тие причини „The Voice of Germany“ еден од најсаканите формати со милионска гледаност. Оваа шоу го следам од првата сезона и од тогаш ми е и желбата да учествува. Но дури сега во 11-тата сезона почуствував дека сега е моментот да се пријавам и се покажа дека тоа беше најисправна одлука.
МиД: Кажи ни нешто за процедурата на пријавување и со која песна ти аплицираше?
Раја: Оваа година поради корона кризата целата процедура беше online. Јас пратив три видеа „Nobodys Perfect„ од Jessie J, „ Hurt„ од Christina Aguilera и „ My Immortal„ од Evanescence. Оваа година имаше најмногу пријавени, над 10 илјади. За да стигнам до „blind audition” односно до настапот што можевте да го гледате на малите екрани требав да поминам четири круга и самото тоа за мене претставува голем успех. Во последниот круг пеевме во живо во Берлин. Неколку недели подоцна ме побараа на телефон и ми кажаа дека сум дел од новата епизода на „The Voice of Germany“. Среќата која ја чувствував во тие моменти неможам да ја опишам со зборови.
МиД: Да се пее пред толкав аудиториум не е мала работа. Имаше ли трема?
Раја: Неколку недели пред настапот секојдневно мислев на тоа колку народ ќе го гледа настапот дали во живо, на TV а после и на YouTube. Самата помисла на тоа будеше кај мене голема возбуда. Дополнително ме возбудуваше помислата дека ќе ме слушаат и оценуваат светски ѕвезди. Но кога се отвори вратата и кога излегов на бината сето тоа исчезна. Во суштина јас секогаш имам трема дали пред испит на универзитет или пред настап, но овој пат тремата исчезна. Можеби затоа што не го гледав жирито директно, бидејќи како што знаете тие беа свртени со грб и тоа мислам дека беше клучниот момент за да испеам како што треба.
МиД: Како си задоволна од твојот прв настап?
Раја: Се на се доста сум задоволна од настапот. На некој места бев несигурна и неточна но тоа го гледам како резултат на тоа што досега немам никакво искуство на толку голема бина,а и никогаш досега немам настапувано со бенд во живо. Но мислам дека по почетните потешкотии константно се подобрував во текот на изведбата. Би сакала овде посебно да го пофалам бендот на „The Voice“. Секоја песна ја свират во живот и ми беа фантастична поддршка. Исто така и feedback-от на менторите беше доста позитивен. На пример Nico Santos кажа оти би сакал да го слуша мојот глас на радио. Sarah Connor кажа оти имам нешто посебно во гласот, а Johannes ми кажа после настапот дека имам дарба и многу убаво вибрато кое неможеш да го научиш или го имаш или не.
МиД: Во оваа шоу има 4 ментори сите до еден познати музички имиња во Германија и пошироко. Дали некој од нив ти беше фаворит пред да настапиш?
Раја: Кога дознав дека Nico Santos и Sarah Connor се во жирито многу се израдував. Двајцата ми се идоли кога се работи за поп музика. Mark Forster има многу искуство затоа што подолго е дел од жирито, а Johannes Oerding е фантастичен музичар но исто така е многу скромен и тоа посебно ми се допаѓа. Се на се ако имав можност да избирам секако дека одлуката ќе беше многу тесна. Но мислам дека Sarah Connor е перфектниот ментор за мојот глас и среќна сум што токму таа слушна потенцијал во мојот глас. Според мене таа најмногу ќе може да ми помогне за да го развијам гласот.
МиД: Со твојот настап ти успеа да го свртиш столчето на Sarah Connor но не и на останатите три ментора. Мислиш ли дека е тоа одреден недостаток за понатамошниот тек на натпреварувањето?
Раја: Секако дека ќе бев посреќна ако се свртеа повеќе ментори, но мислам дека во мојата ситуација имам скриена предност, затоа што во наредниот круг имам шанси да бидам поголемо изненадување затоа што во моментов на некој начин се потценети моите можности. Освен тоа има многу примери каде што со „еден стол„ може да се дојде до финалето и да се стане познат пејач. Најдобар пример за тоа е Michael Schulte кој 2018 година настапи на евровизија и 340 поени го освои четвртото место за Германија.
МиД: За настапот дознавме од твојата објава во нашата група Македонци во Германија. Дали очекуваше дека ќе има толку позитивен feedback и колку ти значи тоа?
Раја: Да ја споделам новоста во групата беше спонтана идеа и немав никакви посебни очекувања. Кога ги видов реакциите бев навистина изненадена и не ми се веруваше дека мојата објава ќе добие толку многу позитивни реакции. Пресреќна сум што успешно ја претставив Македонија и покрај тоа што делот каде што се претставувам од каде потекнувам не беше објавен.
МиД: Во реакциите по твојот настап некој членови се прашуваа “зошто не кажа дека потекнуваш од Македонија?”. Дали би можела да одговориш на оваа прашање?
Раја: Пред настапот имавме интервју со прашања за биографијата, што работиме, од каде сме и така натаму. Јас секако кажав дека сум од Македонија но за жал тој дел од интервјуто не беше објавен. Освен овој дел фалеше и делот каде што зборувам за тоа што го работам и за моето хоби. Но и покрај тоа се надевам дека благодарение на вашата група и моето презиме нашите ме распознаа.
МиД: Го помина првиот круг сега следува втор круг тн. „The Battles” односно директно соочување со еден или двајца натпреварувачи од твојот тим. Знаеш ли кога ќе може да го видиме твојот настап на малите екрани?
Раја: „The Battles” почнуваат официјално од 11 ноември и ќе бидат емитувани во 4 емисии. Мојот настап ќе биде емитуван на Pro7-телевизија овој четврток на 11 ноември во 20:15 часот. Битно е да се напомене дека мојот настап ќе биде емитуван веднаш на почетокот.
МиД: Покрај на телевизија настапите може да ги гледа и публика во живо. Можеш ли да ни кажеш каде настапувате и дали и како може да се дојде до карти за ваков настан?
Раја: „The Voice of Germany“ се снима во Берлин. Карти за публиката се продаваат Online на следниот ЛИНК
МиД: Ние сме познати по нашата музикалност но и покрај тоа што во Германија живеат многу Македонци, колку што на нас ни е познато ти си правата Македонка од Германија учесник во оваа шоу. Чуствуваш ли некоја посебна одговорност поради тоа?
Раја: Горда сум што како Македонка сум дел од еден ваков настан и што стигнав до „Blind Audition“ и се надевам дека успеав да ги направам македонските гледачи во Германија, Македонија и пошироко горди. Во следниот круг ќе се борам уште повеќе да покажам колку можам и се надевам дека со многу работа, желба и посветеност ќе поминам уште еден круг понатаму. Но без разлика на тоа како ќе се одвива моето учество на „The Voice“ ве уверувам дека ќе се потрудам да бидам успешна во музичкиот свет.
МиД: Покрај македонската јавност за твојот настап имаше голем интерес и во германските медиуми особено оние регионалните од Allgäu. Како се носиш со предизвикот кога наеднаш од сите страни стигаат покани за пријателства, покани за интервјуа и тн.?
Раја: Чувството е прекрасно и затоа сум многу благодарна на медиумите за можноста да ја раскажам мојата прикаска. Се радувам за секој што го следи мојот пат. Посебно ме радува што на мојот инстаграм профил (ЛИНК) бројот на абоненти има голем раст.
МиД: Како што веќе пишувавме ти си студент на правен факултет во Аугсбург засега музиката ти е само хоби но со оглед на твојот талент дали си размислувала со музика да се занимаваш попрофесионално?
Раја: Со оглед на тоа што сум при крај со студиите од една страна веќе имам обезбедено перспектива и сигурност. Но и покрај тоа би го прифатила секој предизвик во музиката затоа што немам што да изгубам а можам многу да добијам ако успеам да си го реализирам тој голем сон. Во моментов ја снимам мојата прва песна и по завршувањето на „The Voice“ ќе ја споделам.
МиД: На крај од оваа наше прво интервју би сакале да ти се заблагодариме на одвоеното време за нашите читатели и во знак на наша поддршка за понатамошниот дел од натпреварувањето чест ни е да ти поклониме една маичка со нашето лого “Македонци во Германија”
Раја: Голема чест ќе ми биде да ја носам маичката со логото на групата од која добив огромна поддршка. Ви благодарам многу за оваа интервју. Од срце сум ви благодарна за можноста и одвоеното време. Се гледаме во „The Battles”.
За Радојка веќе пишувавме на нашиот портал и тој текст може да го видите ОВДЕ.
Го објавивме и нејзиниот прв настап и истиот може да го видите на следниот ЛИНК.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК .