Компанијата која стопанисува со скопскиот аеродром (TAV Macedonia), пред малку излезе со важно соопштение кое може да ги засега сите потенцијални патници кои планираат да ги користат услугите на аеродромот во периодот од 28-ми март до 16-ти мај 2022 година. Соопштението го пренесуваме во целост:
“Би сакале да ја информираме јавноста, вклучително и сите патници кои патуваат и планираат да патуваат преку Меѓународниот аеродром Скопје, дека како дел од инвестицискиот план за проширување и реновирање на македонските аеродроми, следната година, почнувајќи од 28 март 2022 година до 16 мај 2022 година, за време од 50 дена, TAV Macedonia планира да ја рехабилитира пистата на скопскиот аеродром. За таа цел, авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје, во овој временски период ќе се одвива во редуциран режим, и тоа од 17:30 часот попладне до 9:00 часот наутро.
Планирани во консултација со сите засегнати страни, работите за рехабилитација ќе завршат без затворање на аеродромот и со минимално влијание врз воздушниот сообраќај. Дополнителни информации ќе бидат доставени во догледно време”.-истакнаа од TAV Macedonia.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.