Од утре понеделник 11 октомври 2021 година за повеќето граѓани завршува можноста за бесплатно тестирање со антиген брзи тестови во Германија.
Бесплатно ќе можат да се тестираат уште следните групи на граѓани:
- Деца до 17 години
- Трудници
- Лица кои поради здравствени причини неможат да примат вакцина
- Студенти од странство целосно вакцинирани со вакцина која не е признаена во Германија
Тие што спаѓаат во некоја од групите која има прво на бесплатно тестирање ќе треба да приложат соодветна потврда во тест центарот.
Повеќето тест центри и понатаму ќе продолжат да работат но тестовите ќе се наплаќаат. Цените на тестовите ќе варираат. Ние проверивме на две места во Karlsruhe на едното тестот чини 8 Евра а на другото 9,95 евра.
Со оваа одредба министерството на здравство на СР Германија сака да го зголеми притисокот врз невакцинираните лица со надеж дека на тој начин ќе се зголеми интересот за вакцинирање кај овие лица.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија Македонци во Германија.
Bild: mein-echo.de