Домување Информации

Законски права при покачување на цената на струјата и гасот

Напишано од Aleksandar Buzleski

Доколку дојде до покачување на цената на струјата и гасот во Германија, може да се спротивставите на тоа и да го искористите вашето посебно право на раскинување на договорот (Sonderkündigung aufgrund Preiserhöhung).

Специјалното право на раскинување може да се оствари во одреден период, што е наведено во известувањето за зголемувањето на цената.Тоа е обично до денот до кога важи цената согласно постоечкиот договор.

Според Законот за енергетска индустрија (Energiewirtschaftsgesetz):

Ако доставувачит на енергија ги промени условите – на пример, со зголемување на цените на електричната енергија или гасот – тој мора да го најави тоа најмалку четири недели однапред официјално во писмена форма. Усно известување поради покачување на цената законски НЕМА НИКАКВА ПРАВНА ВАЖНОСТ.

Потрошувачите потоа имаат посебно право на раскинување. Ова важи и ако се работи само за трошоци врз кои доставувачот нема влијание (на пример трошоците за концесии и слично). Единствен исклучок е усогласувањето на ДДВ (Mehrwertsteuer).

Специјалниот отказ мора да биде потврден од давателот во рок од една недела.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот