Повраток на ДДВ при излез од ЕУ за државјани на т.н. трети земји се прави на тој начин што при напуштање на ЕУ (аеродроми, надворешни ЕУ копнени гранични премини или пристаништа) се декларира самата купена стока кај царинскиот службеник.
Од страна на службеникот се става печат (за излез) на самата сметка за купената стока.
После тоа се оди на каса на фри-шопот (доколку го има, на пример при влез од Грција во Македонија) или на некоја институција која има овластување да го исплати повратокот на данок (на пример, менувачницата во ГТЦ Скопје).
Притоа треба да се внимава дека кој знак стои на самата продавница од каде се пазари. Најдобро е да го има знакот Global blue TAX FREE (види фотос).
Основен предуслов за повраток на ДДВ е лицето да нема постојана адреса во Германија. Во спротивно, се прави кривично дело-Злоупотреба на данок, и може кривично да се одговара. Со други зборови, оваа олеснителна околност, следува на лица кои се жители на т.н. трети земји. Типичен пример се Македонците кои се враќаат во Македонија после туристички шопинг во некоја од земјите на ЕУ.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.