Според најновите официјални најави, во наредниот период е реално да се очекува заострување на мерките за превенција од Covid-19 вирусот. Првенствено, се мисли на лицата кои се враќаат од странство во Германија (Reiserückkehrer), кои не се воопшто, или не се целосно вакцинирани.
Лицата кои се целосно имунизирани (ја примиле втората доза на вакцината најмалку пред две недели), како и лицата кои имаат позитивен корона тест не постар од 6 месеци, ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ од евентуалните нови мерки.
Како можни мерки се најавуваат тестот при враќање во Германија, или карантин во траење од 10 дена.
Сепак, до 10.08 ќе биде како и досега (без обврска за тест и карантин при враќање). После тоа, многу е веројатно да има заострување на корона-мерките. Особено некои сојузни покраини (Bayern, Mecklenburg-Vorpommern) се најгласни за заострување на мерките.
Извор:Tagesschau.de
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.