Актуелно Патен Сообраќај

Страшна сообраќајна несреќа во Хрватска. 10 мртви и повеќе повредени по извртување на автобус со косовски регистарски таблички!!!

Напишано од Aleksandar Ivanov

Како што јавуваат хрватските медиуми, денес наутро во 6:20 во близина на наплатните куќички Славонски Брод – Запад излетал од коловозот автобус со косовски регистарски таблички. Според актуелните информации во несреќата на лице место починале 10 патника, 16 се повредни од нив четворица се во критична состојба. Автобусот сообраќал од Франкфурт кон Приштина и бил дел од редовната линија помеѓу овие два града.

Првичните информации кои стигнаа од Хрватска беа дека се работи за автобус со македонски регистарски таблички но тоа е во меѓувреме демантирано.

Извор фотографии: index.hr и dnevnik.hr

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија

 

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот