Наши извори од Македонската амбасада во СР Германија-одделение Бон, ни соопштија важна информација во врска со лицата кои поднеле барање за нов пасош. Информација ја пренесуваме интегрално:
“Македонската амбасада во СР Германија – одделение Бон, ги информира сите апликанти за нов пасош кои се сликаа, односно им беа земени биометриски податоци во март и април месец 2021 година, дека изготвените пасоши се пристигнати во одделението Бон и истите можат да се подигнат секој работен ден од 9 до 12 часот.
Со себе задолжително да се носи ливчето со број на барање што ви беше врачено при сликањето/ земањето биометриски податоци и стариот пасош/ или друг документ за лична идентификација.”
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.