Владите на Европската унија се согласија да ги додадат Соединетите држави на нивниот список на земји од кои ќе дозволат несуштинско патување, потврдија дипломатите на ЕУ.
Амбасадорите од 27-те земји на ЕУ го одобрија додавањето на Соединетите држави и на уште пет други земји, а промената ќе стапи на сила во наредните денови.
Ќе бидат додадени :
Албанија, Либан, Македонија, Србија и Тајван, додека кинеските административни региони Хонг Конг и Макао ќе бидат вклучени со услов за реципроцитет.
На земјите од ЕУ им се препорачува постепено да ги укинуваат ограничувањата за патување за сегашните осум земји на списокот – Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.
Поединечни земји од ЕУ сè уште можат да се одлучат да бараат негативен тест КОВИД-19 или задолжително карантин.
Извор: Reuters
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија