Активизам Актуелно

И швајцарската национална телевизија SFR ги прифати нашите барања да не нарекуваат Македонци!!!

Напишано од Aleksandar Ivanov

Нашата идентитетска борба надвор од терените продолжува.

Ви споделуваме уште една прекрасна вест. Швајцарската национална телевизија SFR исто како и германските ARD и ZDF (ЛИНК) позитивно одговори на нашето барање за национална припадност да го користат терминот “МАКЕДОНЦИ” односно “MAZEDONIER” и да ја користат исклуливо придавката македонска/ македонски односно “mazedonisch”.

Во нивниот одговор до нас меѓудругото стои:

“… Благодарност за споделените информации. Ние ги забележавме вашите информации, соодветно ги информиравме нашите новинари и ќе се придржуваме до вашите упатства. Доколку некој репортер несакајќи употреби неточен термин во жарот на коментирањето, однапред ви се извинуваме…
Ви посакуваме многу забава и се надеваме дека ќе уживате да гледате фудбал на СФР… ”

Позитивни одговори добивме и од SWR регионалните радиостаници во Германија но за тоа ќе пишеме посебен пост.

Пишавме исто така и на ORF но со нив имаше мало недоразбирање кое се надеваме ќе биде надминато деновиве.

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот