Актуелно Забава и дружење

Натпревар за најдобар прогнозер за фудбалското првенство

Напишано од Aleksandar Buzleski

💥📢Почитувани членови
Во пресрет на Европскиот мундијал⚽🥅📣,
модераторскиот тим на групата Македонци во Германија ве поканува да “си ги одмерите силите” и да видеме кој е најдобриот фудбалски прогнозер во групава 😉
Најдобриот ќе биде награден со една симболична награда 🎁
За таа цел ве покануваме да го направите следново:

1️⃣ Инсталирајте ја апликацијата Kicktipp на мобилниот која што е достапна за iOS/Android платформите. Истата е достапна и преку Web пребарувач на линкот кој што ќе следи. Можете да ја користите на Германски или Англиски јазик.

2️⃣ Откако ќе ја отворите апликацијата потребно е да се регистрирате со постоечка email адреса и да си измислете ваша лозинка за новиот kicktipp профил

3️⃣ Откако ќе се регистрирате и логирате потребно е да го посетите следниов ЛИНК.

Тоа е нашата виртуелна “соба/група” каде што ќе даваме прогнози. Откако ќе ја отворите групата кликнете на копчето да станете член на истата група

4️⃣ Ставете ги вашите прогнози за натпреварите што следат и одговорете на бонус прашањата (победници по групи и кој би бил шампион). Не заборавајте да кликнете на копчето најдолу за снимање на промените

☝️Правила:
📌 Прогнозите ќе можете да ги ставате до моментот пред да започне натпреварот
📌 Прогнозите од останатите членови ќе може да ги видете по започнувањето на натпреварот
📌 Комуникацијата на оваа тема нека биде во рамките на овој пост. Доколку некој има технички проблем овде нека пише. Ќе дополниме со некој screenshot да биде појасно
📌 Правилата за бодување се земени генерички како што се иницијално поставени и истите можат да се видат и прочитаат преку самата апликација
📌Модераторскиот тим најдобриот прогнозер ќе го награди со некоја симболична награда по завршувањето на мундијалот 🎁

Бодување:
• Прогнозирањето се врши со давање на конкретен финален резултат(доколку има пенали, се зема резултатот со пеналите)
• Доколку се погоди точниот резултат се добива 4 бода
• Доколку НЕ се погоди точниот резултат меѓутоа тенденцијата ви е точна во однос на тоа кој ќе биде победник(или нерешено) на натпреварот тогаш добивате 2 бода
• Доколку НЕ се погоди точниот резултат меѓутоа сте ја погодиле точната гол-разлика тогаш добивате 3 бода

Примери:
• Прогноза ( 1:2), Резултат (1:2). Добивате 4 бода за точен резултат
• Прогноза ( 1:2), Резултат (1:3). Добивате 2 бода за точна тенденција(кој ќе победи)
• Прогноза ( 1:2), Резултат (3:4). Добивате 3 бода за точна гол разлика

Да навиваме заедно за 🇲🇰

Автор: Петар Димоски

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.