Активизам Актуелно

Прва победа на Македонија на EURO2020? ARD и ZDF позитивно одговорија на нашето барање да не нарекуваат Македонци!!!

Напишано од Aleksandar Ivanov

Со огромна радост ви ја пренесуваме веста дека германските национални телевизии ARD и ZDF (прва и втора програма) позитивно одговорија на нашето барање во преносите и известувањата за европското првенство за национална припадност да го користат терминот “МАКЕДОНЦИ” односно “MAZEDONIER” и да ја користат исклучиво придавката македонска/ македонски односно “mazedonisch”.

Македонија во недела во 18 часот против Австрија го започнува историското патишествие наречено европско првенство. Поучени од непријатните искуства германските медиуми да не нарекуваат “С.македонци” наместо “МАКЕДОНЦИ” и наместо придавката “МАКЕДОНСКИ/КА” да користат “с.македонски/ка” решивме и овој пат како и пред натпреварот Германија – Македонија (ЛИНК) писмено преку е-маил да се обратиме до спортските редакции на телевизиите кои ќе вршат директен пренос на европското првенство поточно до германските национални телевизии ARD (прва програма) и ZDF (втора програма) со барање наместо навредливи но и политички некоректни термини да ги користат коректните термини за нашата национална припадност.

Писмата ги пративме во понеделникот наутро и веднаш истиот ден добивме одговор од спортските редакции на двете телевизии.

Во одговорот на ARD меѓудругото стои:

“Почитуван тим на Македонци во Германија,
ви благодариме за пораката и многу битната забелешка.
Вашата порака ќе ја земеме многу сериозно и ќе ја пратиме понатаму на нашите експерти, коментатори и водители за секогаш да бидат употребени коректните термини. Ова беше многу добра идеа од ваша страна да ни ја доближиме поблиску оваа проблематика.
Ви посакуваме убаво Euro 2020, останете со здравје,
Вашиот EURO Team на ARD Sportschau. ”

Во одговорот на ZDF меѓудругото стои:

“Почитувани,
Ви благодариме за пораката.
Вашата критична забелешка за именување на македонската репрезентација е земена во предвид. Истата ќе биде препратена до надлежните редакции и од нивна страна применета.
Поздрави, вашиот ZDF сервис.”

Ние на оваа место уште еднаш се заблагодаруваме на ARD и ZDF за исклучително брзата и коректна реакција од нивна страна. Се надеваме дека то што ни пишаа ќе биде и практично применето.

Во меѓувреме ги контактираме и другите медиуми и за нивните реакции ќе информираме дополнително.

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот