Covid 19 Актуелно Вести Германија

Првите два окрузи во Германија со НУЛТА инциденца

Напишано од Aleksandar Buzleski

Окрузите Фрисланд (Friesland) и Гослар (Goslar) во сојузната покраина Долна Саксонија (Niedersachsen), во моментов ги бележат најдобрите денови низ целата земја:

Седумдневната инциденца во двата окрузи падна на нула според податоците од институтот Роберт Кох (РКИ) од вторникот.

Вредноста го означува бројот на регистрирани нови инфекции со корона на 100.000 жители во рок од една недела. Двата окрузи беа меѓу првите во Германија – проследено со округот Ворпомерн-Риген (Vorpommern Riegen) во Мекленбург-Форпомерн (Mecklenburg-Vorpommern)со инциденца од 1,3, како што може да се види од податоците на РКИ. Сепак, поради сложениот ланец за известување, податоците не се секогаш ажурирани и секогаш има одложувања за пријавување од страна на здравствените власти.

Службата за здравство на областа Гослар (Goslar) во моментов претпоставува седумдневна инциденца од 2,2, што може да се види од податоците на округот објавени на Интернет. Во вторникот немаше нови инфекции, пријавени се 28 активни инфекции.

Окружниот администратор на областа Фрисланд (Friesland), Свен Амброси, рече во поглед на нултата вредност на инциденцата: „Имаме релативно ниска и стабилна инциденца во Фрисланд (Friesland)со месеци, што паѓаше постојано во текот на последните неколку дена“. Тој, меѓу другото,нагласува дека до ваквиот резултат се стигнало со дисциплинирана контрола на контактите.

Извор: zeit.de

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот