- Уште 9 дена до почетокот на европското првенство во фудбал а македонски дресови ни за лек. Настрана цела афера околу дресовите. Веќе подолго време дресовите на македонската фудбалска репрезентација се РАСПРОДАДЕНИ и не се на продажба.
И бидејќи од април па навака ФФМ никако да не удостои со одговори на нашите прашања во врска со дресовите, се обидовме преку наши канали НЕОФИЦИЈАЛНО да дојдеме до одговор на актуелните прашања поврзани со дресовите директно од производителот ЈАКО.
На нашето прашање “дали може директно кај нив да се нарачат дресовите со сонце од 2016 години?”.
Неофицијално дознаваме дека тоа не е можно затоа што од ФФМ немаат нарачано поголеми количини од овие дресови. Ова во превод значи дека македонските навивачи кои го немаат овој дрес ќе немат можност да го купат.
Што се однесува до тн. нови дресови кои беа целосно ПРОМАШУВАЊЕ и не беа прифатени во јавноста. Прашаме дали можеби грешката во бојата е делумно и кај производителот. Неофицијално одтаму ни одговорија дека дресовите се произведени така како што се нарачани. Одтука одговорноста целосно ја префрлаат на ФФМ. А со оглед на тоа како функционира ФФМ ние немаме причина да не им веруваме.
На крај прашавме и дали УЕФА ќе го прифати барањето на ФФМ Македонија да игра со старите дресови. Одаму кратко ни одговорија дека сеуште незнаат и тешко е да се прогнозира.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: https://www.facebook.com/groups/makedonier/