Две години брзо поминаа а емоциите уште не стивнуваат. Особено кај оние кои имаа чест да бидат присутни на лице место.
Прво сабота и натпреварот против Barcelona пресврт по седум гола негатива. Тие што немаа карти натпреварот го гледаа во соседниот бар до Lanxess арената во Köln. Одлична атмосфера германско пиво и македонска музика. По победата радоста се истури на соседната улица. Многу црвено-жолти знамиња и бескрајна среќа.
Недела 2 јуни. Прва утакмица за трето место Килце против Барселона. Резултатот небитен. Пред салата македонски навивачи чекаат на карти од навивачите на екипите кои играа во малото финале. Шпанците малку на број, нељубезни, арогантни не одминуваа. Ама затоа Пољаците… Финалето со Веспрем историја. Во салата огромна радост, пред салата еуфорија. Моменти кои не се забораваат. Но за најупорните тоа не беше доволно. Се упативме кон хотелот Radisson Blu да ги поздравиме нашите херои уште еднаш. Славеничката атмосфера беше крунисана со подигање на македонското знаме на еден од јарболите пред хотелот. Се разбира во вакви моменти интонирањето на македонската химна се подразбира.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија