Во одбрана на новите дресови на македонската репрезентација, особено на забелешките за комбинациите на бои кои немаат никава допирна точка со Македонија некој се обидува да ни продаде прикаска дека и дресовите на репрезентациите на Германија, Италија и Холандија не се во боите на нивните знамиња.
Па ајде да видиме дали боите на овие дресови се измислени или имаат некое значење.
Германија.
Знаме: Златна-Црвена-Црна
Дрес: Бел со црно
Зошто е тоа така?
На крајот на 19-тиот век настануваат во Германија првите фудбалски клубови. Во 1900 се основа германскиот фудбалски сојуз (Deutsche Fußball Bund “DFB”). Затоа што во тој период Прусија имала најголемо влијание во Германија (Deutschland) се земаат боите на пруското знаме “Бела и Црна” како бои на националниот дрес.
Извор: bedeutungonline.de
Италија.
Знаме: Зелена-Бела-Црвена
Дрес: Син
Зошто е тоа така?
Италијанската сина боја е поради кралската династија Savoia. Ова кралско семејство владеело долго време во регионот Piemont – Sardinia и во тој дел на Италија сината била национална боја. Ова семејство во перидот од 1861 до 1946 назначувало кралеви на територијата на цела Италија па така нивната боја се пренела на цела територија на Италија, а со тоа и на дресовите. Токму поради синатата боја италијанската репрезентација ја нарекуваат и азури (Azzurri).
Извор: soccer-warriors.de
Холандија
Знаме: Сина-Бела-Црвена
Дрес: портокалов
Зошто е тоа така?
Во Холандија има Кралица која припаѓа на кралската куќа наречена Портокалова-Насау (Oranje-Nassau). Оваа име доаѓа од кнежевството Oranien во Франција. Поради името на кралската куќа портокаловата боја е боја на холандското Кралство. Поради тоа портокаловата боја ја носат Холанѓаните на спортските настани и кога нешто слават. На пример прославата на 30-ти април денот на кралицата.
Извор: badische-zeitung.de
Факт е, позади боите на дресовите на Германија, Италија, Холандија има историја, има идентитет.
Прашање е што стои позади темно црвената боја на дресот на македонската репрезентација?
Можеби креаторите на дресот имаат причина зошто се одлучиле за оваа боја. За обичниот граѓанин боите на новиот дрес се идентични со боите на летонското знаме.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија