Друштва и клубови Македонци во Германија

Ја заминавме бројката од 40.000 членови на нашата група

Напишано од Aleksandar Buzleski

Ни претставува огромна чест што имавме денес (26.05.2021) можност да го поздравиме 40-илјадитиот член во групата Македонци во Германија.

Горди сме што успеавме да создадеме интерактивна платформа на која може на најдиректен начин да се побара, но и да се понудат помош, знаење и искуство. Не радува тоа што успеавме и успеваме да разбиеме многу стереотипи и да покажавме дека заедно можеме многу повеќе. Се трудевме и во иднина ќе се трудиме групата да биде место кое секој ќе го чуствува како свое, место во кое правилата важат подеднакво за сите и нема подредени и надредени. Благодарни сме на сите наши членови за тоа што е групата денес. Се надеваме дека заедно уште повеќе ќе растеме секако секогаш најпрво место ставајќи го квалитетот.

Ќе продолжиме посплотени и помотивирани и понатаму, и ќе се радуваме на секој успех, а проблемите и тешките моменти ќе ги премостуваме здружени.

За сите добронамерни, линк од групата има ТУКА.

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот