Актуелно Вести Свет

Пазете се од измамници низ Србија!!!

Напишано од Aleksandar Buzleski

Важно предупредување во пресрет на претстојните летни одмори, за сите кои ќе патуваат со свое возило од Германија кон Македонија и обратно!!!

“Со оглед дека наближуваат летните одмори, и многумина од нас ќе патуваме за МК, би сакал да ве информирам дека во Србија, како и многу пати до сега, “оперира” банда која ограбува патници кои застануваат по бензинските пумпи!

Најнов случај (23.05) паркирано возило на бензинска пумпа со патниците внатре кои застанале да преспијат. Прво им ја дупнале гумата , им скршиле стакло и ги ограбиле за неколку секунди, за среќа без поголеми последици.

Според нивното професионално оперирање и односот на полицијата, изгледа дека бандата е поврзана и со самата полиција, па најдобро и најбезбедно би било во Србија воопшто да не застанувате !

Поздрав до сите, бидете здрави, живи и ВНИМАВАЈТЕ !!”- вака гласи добронамерниот совет на нашиот верен пријател Јусуф Јусуфи.

Фото: Бензинска пумпа Лукоил-Србија

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот