Како и секоја година и оваа година 24 мај денот на Светите просветители Кирил и Методиј Македонците од околината на Ellwangen и пошироко го користат да ја посетат и положат цвеќе на спомен плочата која е поставена во овој град како спомен на Свети Методиј кој од 870 до 873 година бил затворен во Манастирот Ellwangen (Ellwangener Kloster).
Овој настан традиционално е организиран и уредно пријавен во градската управа на градот Ellwangen од Црковната Општина “Свети Кирил и Методиј” од Stuttgart.
Оваа година настанот е закажан утре понеделник 24 мај во 14 часот. Со оглед дека во Германија е неработен ден по повод празникот Pfingstmontag организаторите се надеваат дека ќе се собереме поголема група. Затоа поканети се сите кои имаат желба и време на овој начин да го обележат утрешниот голем празник.
Важно е да се знае дека спомен плочата е надвор така да во однос на корона мерките доволно е да се држи растојание и евентуално по потреба да се стават маски.
Адреса: Schmiedstraße 1, 73479 Ellwangen (Jagst)
Во продолжение прочитајте го во целост известувањето на Црковната општина Свети Кирил и Методиј од Stuttgart по повод овој настан.
Почитувани Верници,
По годишниот план за Богослужби, наредната е на 24.5.2021 година но за жал црквата домаќин поради висок број на заразени во Штутгарт не ни дозволи, но тоа е кога немаме свој Храм.
Бидејќи на истиот ден 24.5.2021 година е и нашиот Патрон па по традиција долги години одиме на чествување и положување свежо цвеќе на Споменполчата на Методиус плац во Елванген, и оваа година одлучивме да одиме.
Значи во Понеделник 24.05.2021 година во 14:00 часот започнува чествувањето во Елванген (Ellwangen)…
Објавата на Црковната општина Свети Кирил и Методиј од Stuttgart може да ја видите ОВДЕ.
Фото: Сенада Даздаревиќ
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија.