По долга пауза поради корона мерките ресторан Македонија во Heidelberg повторно ги отвори вратите за своите гости.
Од пред 10-тина дена повторно можеме да наздравиме со македонска жолта во комбинација со шопска салата, да уживаме во вкусот на македонското вино и вкусот на скарата на жар.
Менито може да го најдете ОВДЕ
Ресторанот Македонија се наоѓа на многу достапна локација на самиот влез во Heidelberg на неколу минути од Автопатот А5 веднаш до ADAC.
Адреса: Pleikartsförster Str. 130, 69124 Heidelberg
Работно време на ресторанот е од Вторник до Недела и тоа од 11:30 до 14:30 и од 17:00 до 21:00 часот.
Понеделник ресторанот не работи.
ВАЖНО: По повод празникот “Pfingsten Montag” ресторанот ќе биде отворен во понеделник на 24 мај денот на Светите Просветители Кирил и Методиј.
НАПОМЕНА: За посета на ресторанот според новите корона мерки потребена ви е потврда за негативен корона тест или доказ дека сте целосно вакцинирани односно потврда дека веќе сте ја прележале болеста.
Фото: Светлана Ајдинска-Талевска
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија