Актуелно Вести Култура

Прашавме и добивме одговор од македонската амбасада во Берлин по повод денешното официјално чествување на празникот Свети Кирил и Методиј во градот Ellwangеn!!!

Напишано од Aleksandar Ivanov

И оваа година Градот Ellwangen во чест на Свети Методиј кој од 870 до 873 година бил затворен во Манастирот во Ellwangen (Ellwangener Kloster) организира официјална свеченост по повод празникот Свети Кирил и Методиј. Овогодинешната официјална свеченост ќе се одржи во Сабота на 22 мај 2021 година. За жал поради актуалената состојба со корона вирусот оваа година програмата во најголем дел ќе биде online.
Според програмата која ние првично ја добивме на овој настан покрај градоначалникот на град Ellwangen господин Michael Dambacher предвидено беше преку видео порака да се обратат: Амбасадорката на Бугарија Госпоѓа Елена Шекерлетова, Госпоѓа Кристина Ларишова генерален конзул на Република Чешка од Минхен, генералниот конзул на руската федерација од Франкфурт Господинот Иван Котулев, генералниот конзул на Украина во Минхен Господинот Јуриј Јармилко, како и генералниот конзул на Република Бугарија во Минхен Господинот Драгомир Димитров.

Со оглед на то што Македонија не беше застапена во оваа програма ние веднаш реагиравме писмено до нашата амбасада во Berlin со следното прашање :
“За жал во официјалната програма не можеме да најдеме официјален претставник од македонската Амабасада во Берлин или македонскиот генерален конзулат од Минхен.
Одтука се поставува прашањето, дали и на кој на кој начин ќе биде претставена македонската заедница во Германија од страна на официјални претставници на оваа 51-ва по ред свеченост по повод празникот Свети Кирил и Методиј во Ellwangen.”

Кратко потоа добивме одговор од Амбасадата на Република Македонија во Берлин во кој тие ни потврдија дека програмата ќе биде дополнета со што и Македонија преку видео обраќање на македонскиот амбасадор во Берлин Господинот Рамадан Назифи ќе биде застапена на годинешната свеченост по повод чествувањето на празникот Свети Кирил и Методиј во Ellwangen.

Во меѓувреме видео обраќањата се објавени на homepage страната на Градот Ellwangen.
На следниот ЛИНК може да ги видите обраќањата на амбасадите и конзуларните представништва на Република Македонија, Република Словачка, Република Бугарија, Република Чешка, Руската Федерација и Украина.

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот