Актуелно Култура Македонија

Награда за најдобар поет од дијаспората

Напишано од Aleksandar Buzleski

Согласно надлежноста за помагање на културниот развој на иселениците, преку вклучување во Програмата на Струшките вечери на поезијата, Агенцијата за иселеништво секоја година ja доделува  наградата „Стојан Христов“ за поетите иселеници.

За таа цел се известуваат сите кои живеат надвор од Република Македонија, кои се занимаваат со пишување на литературни дела и кои имаат издадено книга, збирка поезија, да се пријават во Агенцијата за иселеништво.

Книгите со кои ќе се конкурира ќе бидат оценети од страна на стручното жири при Струшките вечери на поезијата,  а паричната награда ќе ја додели Агенцијата за иселеништво.

Согласно Одлуката од страна на жири комисијата, наградата „Стојан Христов“ се доделува за книги објавени помеѓу две изданија на Струшки вечери на поезијата.Заинтересираните поети, своите дела треба да ги испратат во Агенцијата за иселеништво до 1 јули  2021 година и тоа:

-во електронска форма на   info@minisel.gov.mk,
-и печатено издание кое треба да се достави на следната адреса:
Агенцијата за иселеништво
Ул.Македонија бр.19  Скопје.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.