Македонци во Германија Црковни општини

Македонска црковна општина Свети Спас Laatzen (Hannover)

Напишано од Aleksandar Ivanov

Во предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден ви ја претставуваме црковната општина Свети Спас Laatzen.

Адреса на црквата е:

Kiefernweg 2, Laatzen, Germany, 30880

Контакт: Свети Спас Laatzen 

Во продолжение го објавуваме соопштението на црковната општина во врска со распоредот на богослужбите и препораките на кои теба да се придржуваат верниците.

РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ВО СТРАДАЛНАТА СЕДМИЦА И ЗА ВЕЛИГДЕН ВО МПЦО „СВЕТИ СПАС“ – ЛАТЦЕН/ ХАНОВЕР ВО 2021 ЛЕТО ГОСПОДОВО

29. 04 – ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК, Света Василиева Литургија со општ маслосвет, почеток во 09: 30 часот.
Читање на 12 страдални Евангелија и изнесување на Распетието и Плаштаницата и поставување на Христовиот гроб, почеток во 15: 30 часот.

30. 04 – ВЕЛИКИ ПЕТОК, Оплакување на Господ Исус Христос со почеток во 15: 30 часот. Црквата ќе биде отворена за поклонение пред Христовиот Гроб преку целиот ден, почнувајки од 10: 00 часот.

01. 05 – ВЕЛИКА САБОТА, Света Василиева Литургија, почеток 09: 30 часот.

02. 05 – ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН, Објавување на Христовото Воскресение и Воскресна Литургија, почеток во 10: 00 часот. (По завршувањето на Богослужбата сите оние кои се спремни за причест ќе можат да се причестат).

03. 05 – ВОСКРЕСЕН ПОНЕДЕЛНИК, Воскресна Литургија со почеток во 10: 00 часот.

06. 05 – Свети Великомаченик Георѓиј – ГУРЃОВДЕН, Света Златоустова Литургија, почеток во 10: 00 часот.

09. 05 – ТОМИНА НЕДЕЛА, Света Златоустова Литургија, почеток во 10: 00 часот.

ВАЖНИ ПРЕПОРАКИ!!!
Возљубени во Христа Воскреснатиот!

Светите Богослужби во Храмот се одржуваат со оние кои што помагаати пеат за време на Богослужбата.

На влезот од црквата за посетителите задолжително ќе биде потребно секој да се потпише со точни податоци, име, презиме, улица и телфонски број.

Задолжително е носење на маска и во дворот на црквата, каде на обележаните места ќе може за време на богослужбите да се стои.

Ве молиме имајте во предвид да не се задржувате повеќе од 15 минути освен оние кои се подготвувале за причест бидејќи бројот на посетители е ограничен. Одбегнувајте дирекни контакти (поздравувања, разговори итн.) со било кого, во дворот.

-ВЕ МОЛИМЕ НЕ СЕ ГРУПИРАЈТЕ ПОЗДРАВУВАЈЌИ СЕ СО ПОЗНАНИЦИТЕ!!!

-ВЕ МОЛИМЕ ОСТАВЕТЕ ПРОСТОР ДА МОЖЕ И НЕКОЈ ПОСЛЕ ВАС ДА ЗАПАЛИ СВЕЌА И КРАТКО ДА СЕ ПОМОЛИ!!!
ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕТЕ МАСКИ И НАПРАВЕТЕ ДЕЗИНФЕКЦИЈА ПРИ ВЛЕЗ ВО ХРАМОТ И ВО ДВОРОТ НА ЦРКВАТА!!!

Со надеж дека ова година ќе биде последна во која на ваков ограничен начин ќе го прославуваме Христовото Воскресение Ви посакуваме од Бога многу духовно и телесно здравје и спасение!
Христос ВОСКРЕСНА!!!
Навистина ВОСКРЕСНА!!!

Интересно за оваа црква е тоа што во ходникот стои биста на Гоце Делчев.

Биста на Гоце Делчев во внатрешноста на црквата

На бистата може да се види натпис од 1986 година на кој пишува “За КУД Илинден од Лацен – Hannover. Благодариме за укажаната помош за лекувањето на Вера Костовска. Поклон од Вера и Глигор Костовски.”

Натпис на бистата Гоце Делчев

Овој податок укажува на тоа дека овде уште пред распадот на Југославија функционирало македонско друштво Илинден. Детали околу оваа друштво ќе се обидеме да добиеме директно од луѓето кои се ангажирани во црковната оптштина и ќе ги споделиме со вас.

За повеќе информации на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија

Фото и Видео: Ѓурѓица Гошева

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот