Ви ги пренесуваме искуствата кои со нас ги сподели Елена Петревска за летање од Frankfurt Airpot до Скопје и назад со Austrian Airlines.
Би сакала да споделам со вас искуство што можеби на некој ќе му се најде / ќе му отвори нова перспектива околу можностите за летање со авион од Франкфурт до Македонија.
Прв пат летам со Austrian Airlines од Франкфурт до Скопје, до сега со Wizzair преку Франкфурт Хан. Моите импресии:
Негативни страни:
– нема директен лет, туку со прекачување во Виена;
– цените се за нијанса поскапи. Барем јас кога ги гледав цените (видете на сликите). Генерално цената на Austrian Airlines може да биде и до неколку пати поскапа, но човек може да следи и да одбере добри цени. Слично е на возење со воз, има неколку летови на ден и тие што не се во најубавите часови, се поевтини.
Позитивни страни:
– доста попразни авиони (посебно Скопје – Виена и обратно);
– беспрекорна точност до минута;
– конекцијата до Франкфурт е многу полесна во споредба со Франкфурт -Хан. Нема потреба да се остава автомобил на аеродромот во Хан (што чини 4 евра на ден за подолго од 7 дена) или да се биде зависен од автобуси што 2 пати на ден доаѓаат и тоа само од специфични градови. Со тоа се заштедува пари и време;
– гратис колачиња.
Што се однесува до времето на прекачување во Виена тоа варира во зависност од тоа кој лет ќе го изберете. Во мојот случај прекачувањето траеше еден час.
На видеата подолу може да видите примери во врска со времето потребно за прекачување и други детали во врска со букирањето на лет преку Austria Airlines.
Со оглед на тоа што букирање на летови со Austria Airlines може да се направи и преку Lufthansa, направивме видео и за тоа како изгледа букирањето на овие летови преку страната на Lufthansa.
На следните две фотографии можете да видите споредба на цените за лет во сличен временски период со Austrian Airlines од Frankfurt Airport до Скопје и обратно и со Wizzair од Frankfurt Hahn (околу 100 километри оддалеченост од Frankfurt) до Скопје и назад.
П.С: Ова во апсолутен никаков случај не е реклама за Austrian или слично, туку едно мое искуство. Може некој друг на друг начин го доживеал.
Поздрав до сите.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија