Еве го значењето на буквите кои полицаецот (или друго службено лице) ги пишува веднаш до пречкртаниот печат при влез или излез, или при внатрешна контрола во земја членка на Шенген зоната:
А – лицето нема валиден документ,
B – лицето поседува невалиден или фалсификуван документ,
C – лицето нема важечка виза или дозвола за престој,
D- лицето има неважечка или фалсификувана виза,
Е-лицето нема документи за докажување на посетата,
F – лицето го надминало престојот од 3 месеци во последните 6 месеци,
G – лицето нема доволно средства за егзистенција,
H – на лицето му е забрането да влегува во Шенген-зоната или во националната област,
I – лицето претставува закана за јавниот поредок, здравјето и безбедноста на една или повеќе земји членки на ЕУ.
Во нашиот конкретен случај (види фотос) се работи за последната ставка од горенаведените ( “I” – лицето претставува закана за јавниот поредок, здравјето и безбедноста на една или повеќе земји членки на ЕУ).
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.