Covid 19 Актуелно Вести

Корона мерките се заоструваат?

Напишано од Aleksandar Buzleski

Владата се согласи да го смени законот за заштита од инфекции и доколку регионално бројот на ново-заразени во последните 7 дена се зголеми на повеќе од 100 лица на 100.000 жители, посебните правила (Notbremse) ќе стапат на сила.

Во таков случај, би се применувале следните правила:

-воведување на т.н полициски час,

– освен за потребите на домашните миленици, жителите не смеат да ги напуштаат своите домови во периодот од 21:00 до 05:00 часот,

-доколку бројот се искачи на над 200 ново-заразени на 100 000 жители, училиштата ќе бидат затворени,

– контактите треба да бидат ограничени на членови на едно домаќинство плус максимум на еден член од друго домаќинство,

– сите продавници кои не ги снабдуваат основните намирници ќе бидат затворени,

– музеите, театрите и зоолошките градини исто така се затвораат,

– дозволени се само индивидуални спортови, спортови со членови на домаќинството и спортисти кои тренираат турнири на федерално или провинциско ниво,

-рестораните можат да подготвуваат храна само за дома,

-медицинските, терапевтските, услугите за нега, како и фризерските услуги остануваат дозволени со маски,

-хотелските услуги за туристички цели остануваат забранети.

-компаниите се должни еднаш неделно да обезбедат тестови за своите вработени.

Законот МОРА да биде одобрен од Бундестагот и евентуално Бундесратот, што најверојатно не би требало да претставува проблем и ќе важи сè додека е прогласена национална епидемиолошка состојба во земјата.

Извор: Bundesregierung

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот