Не помина долго време веќе го имаме првиот Македонец во Германија кој ги собра сите сликички од македонската репрезентација.
И додека повеќето сеуште ги отвараат првите ќесички и се радуваат на првата сликичка со Горан Пандев, Аријан Адеми, Елиф Елмас и компанија, Славче Таневски експресно ја заврши мисијата.
Како му успеа тоа сеуште е мистерија. Единствено што знаеме дека сликичките се оригинал и не се работи за копии или Photoshop преработка.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија