Актуелно Забава и дружење

Собираме и се менуваме со панини сликички. Од утре 9 април достапни и во продавниците на LIDL

Напишано од Aleksandar Ivanov

Пред некој ден официјално излезе во продажба новиот Панини албум со сликички од европското првенство кое првично беше планирано да се игра во 2020 година но поради корона мерките беше поместено за оваа година. Сликичките досега можеа да се купат на безинските станици и некои продавници како Netto по 1 Евро од пакетче со 5 слики. Од утре продажбата на сликички почнува и во маркетите на ЛИДЛ каде што ќе бидат понудени по цена од 90 цента за пакетче, а за тие што ќе купат 4 пакетчиња 5-ото е гратис. Така за 3,60 евра добивате пет пакетчиња односно 25 сликички.

Во групата Македонци во Германија нашите членови веќе почнаа со активности за собирање и менување на сликички. Придружете се.

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот