Четврток наутро, утро по волшебната спортска вечер. Импресиите сеуште не стивнале. Влегуваш во кола со црвен дрес и емоции кои со нетрпение чекаш да ги пренесеш на колегите. Пушташ радио за на момент да ти го одвлече вниманието. А на радиото извештај за натпреварот поради кој око не си склопил цела ноќ. Ги слушаш импресиите на Горан, малиот Димитриј и татко му Дејан. Го слушаш нескротливиот македонски дух. Ја слушаш радоста која толку многу ни беше потребна. И на крај како шлаг на тортата доаѓа изјавата на Снежана. Изјава која на повеќето ни лежи на срце.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата:
Македонци во Германија