Активизам Актуелно

“Ние сме Македонци” писмо до спортската редакција на RTL телевизија

Напишано од Aleksandar Ivanov

Македонија денес (среда) во 20:45 часот го игра првиот официјален натпревар против Германија. Поради тоа Македонија деновиве се наоѓа во фокусот на германските медиуми. Оваа медиумско внимание ќе кулминира денес почнувајќи од 20:15 часот кога RTL телевизијата ќе почне со емитување на директниот пренос од овој историски натпревар.

Поучени од негативните искуства германските медиуми да не нарекуваат “северно Македонци” наместо МАКЕДОНЦИ, на иницијатива на член на нашата Facebook ГРУПА “Македонци во Германија” решивме писмено преку препорачано ПИСМО и преку е-маил да се обратиме до спортската редакција на РТЛ телевизија, со барање нашата репрезентација да ја нарекуваат” MAZEDONISCHE Nationalmannschaft (македонска репрезентација)” а националноста исклучиво како ” Mazedonier (Македонци)”.

Писмата ги пративме во понеделникот наутро и досега немаме добиено одговор ниту преку писмо нити преку е-маил. Се надеваме дека во текот на денешниот ден нашето барање односно забелешка ќе биде разгледана и соодветно применета.

Во меѓувреме и други членови на групата Македонци во Германија реагираа до RTL со иста надеж дека ќе биде слушнат нашиот глас и дека ќе ни бидат испочитивано правото и слобододата на само идентификување.

 

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот