Актуелно На денешен ден

ВИДЕО!!! Пред 10 години… Пандев, Пандев, Пандев 3:2 за Inter Milan против Bayern München

Напишано од Aleksandar Ivanov

На денешен ден пред 10 години со голот на Горан Пандев Inter Milan го победи Bayern München со 3:2 во осмина финалето на лигата на шампионите.

По победата од 1:0 на Џузепе Меаца во Милано Bayern влезе со предност во овој натпревар кој го играше пред домашната публика. По само 4 минути со голот на Samuel Eto’o Inter успеа да ја анулира предноста на Bayern. Со голот на Mario Gomez Bayern израмни на 1:1. Пред крајот на првото полувреме со голот на Thomas Müller Bayern успеа да поведе со 2:1, резултат со кој заврши првото полувреме.

Се до 60-тата минута се чинеше дека вратата кон четвртфиналето е широко отворена за клубот од München но по голот на Wesley Sneijder Inter израмни и повторно се врати во игра и на еден гол до наредната рунда. Сепак од гледна точка на играчите од Милано времето брзо минуваше па така наскоро натпреварот влезе во последните минути. И тогаш на две минути пред крајот по проигрување од Samuel Eto’o Горан Пандев ја затресе мрежата на Bayern и го однесе Интер во четврт финалето на шампионската лига.

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата.
Македонци во Германија

Foto-Quelle (извор на фотографија) Nordbayen.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот