Анкетата беше реализирана во групата Македонци во Германија од 29 Јануари 2021 до 2 Февруари 2021.
На анкетата учество земаа 2403 члена од кои 1764 или околу 73% се изјаснија против вакцинирање. 446 члена или 19% се за вакцинирање додека останатите околу 8% се сеуште неодлучни.
[SLGF id=2098]
Интересно е да се напомене дека на вакви или слични анкети направени во Германија поголемиот дел од испитаниците биле ЗА вакцинирање. Во анкетата објавена на порталот Ärzte Zeitung 62% од испитаниците го поддржуват вакцинирањете. Според пишувањето на овој медиум бројот на поддржувачи на вакцините расте пропорционално со степенот на информирање. Па така од испитаниците кои подетално се позанимавале со оваа тематика дури 78% го поддржуваат вакцинирањето. Овие бројки се во тотална спротивност од бројките кои ние ги добивме во нашата анкета.