Македонци во Германија Општи информации

Резултати и анализа на анкетата „Во кое место живеете во Германија?„

Напишано од Aleksandar Ivanov

Со цел да се направи ориентациона проценка за тоа каде и колку се населени Македонците во Германија подолг временски период во групата Македонци во Германија беше отворена анкетата „Во кое место живеете во Германија?„. На анкетата заклучно недела 1 Март 2021 учествуваа 5.035 члена кои имаа можност да изберат еден од 97-те понудени градови (места). Според оваа анкета најмногу Македонци живеат во München и околината поточно 703-ца односно 13,96%. Следуваат Frankfurt со 450 (9,71%) и Hamburg со 328 (6,51%). Stuttgart, Berlin, Köln, Düsseldorf, Dortmund, Nürnberg и Karlsruhe ги заокружуваат првите 10 места а воедно се и единствените градови кои се избрани 100 и повеќе пати и учествуваат со 53,6%. Во продолжение може да ги видите табеларно резултите.

[SLGF id=2029]

Првите 25 града во анкетата може да ги видите и како графички приказ еднаш како апсолутна бројка и еднаш во проценти. Од вкупно 5.035 овие 25 града биле избрани 3.702 односно 73,5% или безмалку 3/4.

[SLGF id=2031]

Ако овие бројки ги проицираме по покраини тогаш се добиваат следните резултати. Најмногу членови 1.124 (22,32%) за место на живеење ја селектирале покраината Baden Württemberg веднаш по нејзе следува Bayern со 1.081 односно 21,47% трето и четврто место се Nordrhein Westfalen со 982 (19,5%) и Hessen со 709 (14,08%). Со тоа во овие четири покраини имаме 77,38% од вкупниот број на учесници во анкетата.

[SLGF id=2034]

За подобра хронолошка прегледност од северниот кон јужниот дел на Германија направивме и графички приказ на бројките според 10-те поштенски региони од 0 до 9. Анализирајќи ги бројките по овој основ гледаме дека повеќе од 50% поточно 53% од учесниците на анкетата ги избрале местата од поштенските региони 6, 7 или 8 односно места кои се наоѓаат во јужна и југо-западна Германија. За да ги прикажеме посликовито и пореално на фактичката состојба овие бројки ги аплициравме на претпоставена бројка од 100 илјади Македонци кои живеат во Германија. Така добивме бројка од 20 илјади Македонци кои живеат во поштенскиот регион со почетен број 8. Според оваа претпоставка во поштенскиот регион со почетен број 7 живеат нешто над 18 илјади а во поштенскиот регион 6 безмалу 15 илјади Македонци.

[SLGF id=2038]

[SLGF id=2036]

Ако границите на поштенскиот регион дополнително ги редуцираме со тоа што наместо само првата цифра за репер ги земеме првите две цифри од поштенскиот број ги добиваме следните статистики податоци. Како и погоре за подобра прегледност на резултатите вака прикажаната анкетата ја пресликавме врз претпоставената бројка од 100 илјади Македонци кои според некој претпоставки живеат во Германија.

[SLGF id=2042]

[SLGF id=2044]

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија
Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот